Тешко повредено петгодишно девојче кое паднало од трети кат од куќа

Вчера околу 18:45 часот во Охрид петгодишно девојче од Австралија, паднала од третиот спрат на семејната куќа, по што е пренесена во болницата „Св.Еразмо“, каде се констатирани тешки телесни повреди, односно е во животна опасност.

Од страна на екипи од СВР Охрид излезено е на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот.