За прв пат во Охрид ќе се одржи Олимписки пливачки маратон

Клубот за спортови на вода „ОХРИДСКИ БРАНОВИ 2008“ Охрид, го најавува одржувањето на, за прв пат во Македонија, Олимпискиот пливачки маратон на 10 км. „Охрид 2017“ кој ќе се реализира во сабота (12.08.2017) на Охридското езеро на водената површина помеѓу Старото пристаниште – х.Палас и х. Милениум.

Стартот на трката предвидено е да биде во 12:00 часот, а пристигнувањето на пливачите на целта се очекува околу 14:00 часот кога ќе се доделат медали на победниците.

За регуларноста на Пливачкиот маратон на 10 км., како олимписка дисциплина, ќе се грижат судии/делегати од Меѓународната пливачка федерација ФИНА.