Црвен крст Охрид започнува собирна акција за училишен прибор „Даруваме радост на првачињата“

Со мотото „Даруваме радост на првачињата“ Црвен крст Охрид започнува собирна акција за училишен прибор потребен за првачињата кои потекнуваат од социјално-загрозени семејства од општините Охрид и Дебрца.

Акцијата започнува од петок, 11.08.2017 и планирано е да трае до крај на месец август 2017 година.

Црвен крст Охрид упатува апел до сите граѓани и фирми и ги повикуваат да се вклучат во оваа собирна акција и да подарат радост на првачињата.

Потребен е следниот училишен прибор:

• Тетратки со квадратчиња (А5 формат)
• Тетратки без линии (А4 формат)
• Тетратки за почетно пишување
• Блок бр. 2
• Фломастери, древни и водени боички
• Лепак и ножици
• Молив и гума
• Пластелин
• Ленири
• Самолеплива хартија (колаж)

Црвен крст Охрид презема активност за собирање на потребната помош со собирен пункт во просториите на Црвениот крст на ул. „Димитар Влахов“ бр.52 (наспроти гимназијата) во работни денови од 8-16 часот, а постои отворена можност млaдите волонтери да ја подгинат помошта со претходна најава на 046 262 706 или на email ohrid@redcross.org.mk