Ганиу присуствуваше на отворањето на инфоцентар на Универзитетот „Мајка Тереза“

Заменик министерот за образование и наука д-р Висар Ганиу, денеска присуствуваше на отварањето на инфоцентарот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во иднина студентите ќе може да ги поднесуваат документите за упис, но и да се информираат за студиите која ги нуди оваа високообразовна институција.

Ганиу истакна дека инфоцентарот ќе биде во функција на студентите за што полесно и навремено да ги завршуваат обврските, додавајќи дека Министерството за образование и наука веќе има обезбедо согласност за нови 63 работни места на Универзитетот, односно 43 за предавачи и асистенти и 20 за администрација, и дека со ребалансот на буџетот се обезбедени 4.900.000 денари за идеен проект за Универзитетот.

Ректорот на Универзитетот Азис Положани изјави дека отворањето на инфоцентарот е уште еден чекор кон воспоставување на, како што рече, академски, кредибилни и ефикасни услуги за студентите.