Вечерна богослужба и света литургија за празникот Свети Стефан

По повод празникот „Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, вечерва во манастирската црква „Свети Стефан“, со почеток во 19 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба.

Утре во истоимената црква ќе се служи света литургија, со почеток во 8:30 часот.

По тој повод манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

WebOhrid