Доставување информации од јавен карактер: извод од службените картички 2011 – 2017

Министерството за култура, водејќи се од принципот на транспарентност, отвореност, економичност и со цел заштита на животната средина, и во иднина, сите барани информации од јавен карактер, кои ќе бидат со поголем обем, ќе практикува да ги доставува до барателот и до јавноста во електронска форма …

По барање на лицето Жаклина Хаџи – Зафирова, Министерството за култура на Република Македонија подготви информација, која што се однесува на извод од службените картички кои што се користени од страна на министерот, заменик – министерот и државниот секретар, во периодот од 2011 до 2017 година, за трошоци – репрезентација и патни трошоци. Бараните информации немаат карактер на класифицирани информации со соодветен степен на доверливост.

„Посочуваме дека поради обемноста на бараниот материјал, фотокопиите од бараните информации од јавен карактер се скенирани и организирани во електронски папки, по години и според функционерите за кои се однесуваат бараните информации: министер, заменик министер и државен секретар.“- велат од Министерството.

Министерството за култура, водејќи се од принципот на транспарентност, отвореност, економичност и со цел заштита на животната средина, и во иднина, сите барани информации од јавен карактер, кои ќе бидат со поголем обем, ќе практикува да ги доставува до барателот и до јавноста во електронска форма.