Во тек се уписи за студирање на Универзитетот за информатички науки „Св. Апостол Павле“ Охрид

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид, во тек е првиот рок за упис на студенти во новата академска година.

Првиот уписен рок завршува петок во 15 часот. Вториот уписен рок е 4 и 5 септември, а третиот 14 септември од 8 до 15 часот.

Оваа година бруцошите покажале најголем интерес за студирање на факултетите за Компјутерски науки и инженерство и Информатички системи, визуелизација, мултимедијална и анимациска техника.

На Универзитетот „Св. Апостол Павле“ има сеуште слободни места на петте факултети, распоредени во 10 различни студиски програми, меѓу кои програмите за Компјутерски мрежи и безбедност; Машинска интелигенција и роботика; Дигитална бизнис информатика и Е-Влада, Е-Бизнис, Е-Култура.

Повеќе информации во врска со уписите можете да најдете на веб страната на Универзитетот http://www.uist.edu.mk или преку комуникација со посредство на е-пошта на адреса contact@uist.edu.mk или телефон на 046 511 000.