Стипендии за докторски и постдокторски студии и истражувања во Швајцарија за академската 2018/2019 година

Министерството за образование и наука информира дека Федералната комисија за стипендии за странски студенти на Владата на Швајцарија за академската 2018-2019 година ќе додели најмногу 30 стипендии за докторски и постдокторски студии и истражувања, за студенти од земјите од Централна и Источна Европа и Кавкаските држави, вклучувајќи ја и Република Македонија.

Стипендиите се наменети за кандидати кои имаат завршено универзитетски студии со висок просечен успех, за докторски и пост докторски студии и истражувања во сите научни области на некој од државните универзитети или признати институти во Швајцарија.

Конкурсот не предвидува доделување на стипендии за додипломски и магистерски студии.

Подетални информации за стипендиите може да се обезбедат на интернет страницата на Амбасадата на Швајцарија во Скопје, www.eda.admin.ch/skopje, на тел: 02 3 103 320 и преку електронската адреса skovertretung@eda.admin.ch.

Формуларите за аплицирање и сите потребни документи може да се подигнат во Амбасадата на Швајцарија во Скопје, каде и се доставуваат пополнети во три примероци, најдоцна до 15 ноември 2017 година.