Приведен осуденик во Кичево

На 19-ти овој месец, полициски оперативци од полициската станица од Кичево го пронајдоа и приведоа Р.А.(41) од Куманово – осудено лице на издржување на казна затвор во траење од 20 години за повеќе сторени тешки казнени дела. Истиот е лишен од слобода, а потоа е спроведен во Казнено поправниот дом во Штип.

На 14 август, Р.А. бил пуштен на викенд со обврска да се врати на 16 август до 18 часот. Бидејќи не се вратил во Казнено поправната установа, по распишана потерница по него, полициските службеници од Кичево направија оперативни проверки и беше потврдено неговото присуство во Кичево.

Инаку, Р.А. 20 годишната затворска казна започна да ја издржува во 2009 година во затворот „Идризово“, а од 2014 година е префрлен во затворот во Штип.