Градоначалникот Бакрачески оствари средба со ракометарите на РК Охрид 2013

По постигнувањето на историскиот успех во охридскиот ракомет и воопшто во спортот, градоначалникот Никола Бакрачески го прими ракометарите на РК Охрид 2013. Тој им се заблагодари за возбудувањето што го приредија и им посака успех во понатамошниот тек на натпреварувањата.

Градоначалникот Бакрачески им ги пренесе и честитките што Ракометната федерација на Македонија и претседателот Живко Мукаетов ги упатиле до нив. Тренерот Горан Андоновски, изрази голема благодарност за поддршката што Општина Охрид ја дава на клубот и во знак на благодарност на градоначалникот му врачи дрес од РК Охрид со неговото име. Андоновски истакна дека и самиот е изненаден од успехот што го постигнува клубот и дека неговата доверба во тимот е се поголема и дека очекува уште поголеми успеси во иднина.

На крајот од средбата сите заедно си посакаа повторно да се соберат но овој пат за успехот во наредната фаза.