Свечено одбележан почетокот од новата учебна година во ОУ „Григор Прличев“

Денес е свечен ден за првачињата. ОУ „Григор Прличев“ со пригодна програма ги дочека „најголемите“ ученици во училишните клупи и училишната спортска сала каде беше подготвена свечена приредба.

„Првиот училишен ден несомнено е најважен во низата, првиот впечаток засекогаш останува како драг спомен за секој ученик. Им пожелуваме успех и среќно детство.“– велат од ОУ „Григор Прличев“.