Хуманитарен пијано концерт на Викторија Митеска

Во рамки на своите хуманитарни активности Црвен крст Охрид преку Клубот на Млади при Црвен крст Охрид организира хуманитарен ПИЈАНО КОНЦЕРТ на кој ќе настапи талентираната пијанистка Викторија Митеска, во класата на проф. д-р Ана Гацева.

Хуманитарниот музички настан ќе се одржи вечерва во просториите на Основното музичко училиште „Методи Патче“ во Охрид, со почеток во 19 часот.

Влезот е слободен, а средствата собрани во собирните каси на Црвен крст Охрид поставени на влезот, ќе бидат наменети за здравствените потреби на лица со социјален ризик од Охрид.