Вардар и Еурофарм Работник ќе играат во ракометниот Суперкуп на Македонија

Во вторник (12 септември) со почеток од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одигра Македонскиот Суперкуп натпревар како увертира на новата сезона во домашните натпреварувања, која почнува следниот викенд.

Шампионот на минатогодишното првенство, тимот на Вардар, ќе се сретне со финалистот од Купот на Македонија 2017, тимот на Еурофарм Работник од Битола. Двете екипи минатата сезона се сретнаа токму во финалето од Купот што се играше во Битола, а на таа средба славеше Вардар со 31-26, освојувајќи ја двојната круна во домашните натпреварувања.

Директен пренос од натпреварот помеѓу Вардар и Еурофарм Работник ќе биде емитуван на ТВ Телма.