Заврши 74та седница на Советот на Општина Охрид

Советот на општина Охрид, на денешната седумдесет и четврта седница, го прифати предложениот заклучок за прифаќање на Иницијативата за распишување на референдум на локално ниво и одлуката за распишување на референдум на локално ниво, како и предложените одлуки за потребата од прогласување на стариот чинар (platanus orientalis) на плоштадот „Чинар“ како „споменик на природата“ и усвојување на елаборатот за валоризација, санација и ревитализација на чинарот (platanus orientalis) на плоштад „Чинар“ ,за исправка и за изменување на Одлуката за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта во општина Охрид, за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште, за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2479/1 и Кп.бр.2480 КО Коњско, како и на Кп.бр. 2487, 2486/1, 2486/2, 2497/2, 2497/3, 3491 и 2492 КО Коњско.