Македонија се искачи на 103 место на ФИФА рејтинг листата

Македонската репрезентација забележа скок на ФИФА рејтинг листата. Според најновата листа, Македонија се наоѓа на 103 место, благодарение на победата од 0:1 против Израел во гости, како и нерешениот резултат 1:1 против Албанија на домашен терен.

Промени има и на врвот од ФИФА рејтинг листата каде се искачи Германија, пред Бразил кој падна на второ место, додека пак Португалија се искачи на третото место.

Најголем скок од +47 места изминатиот месец забележа репрезентацијата на Кејп Верде островите која се искачи на 67 место. Најголем пад од -31 место забележа репрезентацијата на Гватемала која се најде на 131 место.

WebOhrid