50 години автокефалност на МПЦ–ОА и 50 години од формирањето на Дебарско–кичевската епархија

Македонска православна црква Охридска архиепископија Дебарско–кичевската епархија Охрид, со особена чест ги известува своите православни верници дека на 17 септември (недела) 2017 година, по повод свечената прослава „50 години автокефалност на МПЦ – ОА и 50 години од формирањето на Дебарско – кичевската епархија“ во манастирот „Св.вмч. Георги – Кнежино, Кичево ќе се служи Света архиерејска литургија и осветување на новиот конак, со почеток во 09:00 часот.

На Светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан заедно со Архиереите на МПЦ-ОА.