Средба на директорката на УЈП Лукаревска со претставници на ММФ

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска оствари средба со претставниците на Одделот за фискални прашања – Меѓународен монетарен фонд, Енрико Аав и Крис Барлоу.

На средбата се разговараше за остварениот напредок во модернизацијата на Управата за јавни приходи, а беа дефинирани и областите за идна соработка и техничка помош од Меѓународниот монетарен фонд за зајакнување на капацитетите на даночната администрација на Република Македонија.