Охриѓанец загина во сообраќајка на патот Прилеп-Битола

Утрово во 04:30 часот на магистралниот пат Прилеп-Битола, во близина на с.Српци, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “БМВ“ со охридски регистерски таблици управувано од А.Р.(42) од Охрид и патничко возило “Киа Соренто“ со скопски регистерски таблици управувано од Т.К.(25) од Скопје.

Во незгодата возачот на “БМВ“ -то, А.Р. починал на самото место, додека со тешки телесни повреди се здобила Р.С.(36) од Охрид сопатничка од истото возило, а вториот сопатник во возилото Е.С.(41) од Охрид се здобил со телесни повреди. Исто така, со телесни повреди се здобил и возачот на “Киа соренто“, Т.К. Повредените биле пренесени во КБ-Битола за укажување на лекарска помош. Од страна на СВР-Битола на местото на настанот бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.