Одржан вториот управувачки комитет на новиот твининг проект на АХВ

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес, во својство на проектен лидер, го одржа вториот Управувачки комитет на твининг проект „Понатамошно развивање на контролните системи на надлежните институции за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата” вреден 751.473 евра, кој ќе го спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство со финансиска поддршка на Европската унија во рамки на ИПА 2012

Во реализирање на активностите на проектот кој претставува продолжување на твининг проектот кој го реализира Агенцијата, а кој беше во насока на подобрување на ефективноста на работењето на инспекциските служби, воспоставување пилот – систем за пасоши кај растенијата и подобрување на размената на податоците меѓу надлежните служби.

„Темите што се опфатени со овој проект се од големо значење за нас како институции, но исто така и како земја, бидејќи се во насока на подобрување на капацитетите на Република Македонија во областите кои се однесуваат на справувањето со болестите кај животните, активностите од областа на јавното здравство, подобрување на здравствената состојба на растенијата и други области. Убеден сум дека преку овој проект релевантните експерти и институции од италијанската страна ќе ги споделат своите знаења и најдобри практики во подобрување на нашите системи“ – рече директорот Атанасов во обраќањето.

Тој посочи дека активностите на проектот се дополнителен предизвик за натамошно одобрување на работата на институциите кои се вклучени во неговата реализација и за јакнење на пазарната економија и подобрување на конкурентноста на македонските земјоделско-прехранбени производи на пазарите на ЕУ.