Пожар во куќа во струшко Радолишта

На 17.09.2017 година во 14:00 часот телефонски во ПС-Струга од Територијалната противпожарна единица-Струга бил пријавен пожар во куќата сопственост на И.О.(61) од с.Радолишта, кој првично настанал во просторија на првиот кат во која имало шпорет на дрва кој бил запален, при што оганот се проширил во поткровјето, каде оштетена била покуќнината, мебелот и стаклата од балконските врати.

Причината за настанувањето на пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.