Кривична пријава за жител од Подгорци кој силуваше Холанѓанка кај Вевчани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.А. (29) од с.Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „силување“ и „тешка кражба“.

На 14.09.2017 околу 14:30 часот во с.Вевчани, откако К.С.К. (55) од Холандија, го сликала стадото овци, А.А. со употреба на физичка сила и закана со нож извршил полови дејствија врз неа, при што оштетената успеала да се оттргне од него и се упатила кон нејзиното возило. Пред да замине, од паричникот во нејзиното возило и одзел 2000 денари, а потоа побегнал.