Пронајдена дрога кај жител од Кичево

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Р.В.(40) од Кичево.

На 17-ти минатиот месец, во 06 часот и 30 минути, по претходно издадена наредба од Заменик судија на претходна постапка од Основниот суд во Кичево, извршен е претрес во неговиот дом како и во неговото патничко моторно возило марка „Ауди“. Притоа, полициските службеници пронајдоа бела прашкаста материја со бруто маса од 19,9 грама, сува растителна материја со бруто маса од 1.169 грама, 3 куршуми засега непознат калибар како и други предмети наменети за подготовка и користење на опојни дроги.

Пронајдените предмети се одземени и се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.