Во Охрид отворена најголемата игротека во Западна Македонија

Вчера (20.09.2017) во Охрид свечено беше отворена игротеката „Вања“, најголемата игротека во Западна Македонија.

„Игротеката распростанета на 700 м² и е изградена по најсовремени стандарди за климатизација, ветилација и светлина. Широкиот постор им нуди на децата полесно да се движат и играат. Играчките со кој е опремена игротеката дава максимална безбедност за игра на децата. Таа располага со отворена летна тераса и затворен климатизиран простор.” – изјави Виолета Анѓелковска, директор на Кам Village и додаде:

„Од особена важност ќе биде високото ниво на хигиена кој ќе прв критериум на игротеката. Во неа ќе се имплементираат и едукативни програми согласно возраста на децата, ќе соработуваме со градинките и основните училишта од Охрид и Регионот, каде со заедничка соработка ќе организираме тематски претстави, презентации и натпревари. Ќе се одбележуваат национални и верски празници, креативни катчиња и незаборавни родендени. Во следниот период следи и отварање на забавен парк, но за тоа ќе но оставите простор да Ве изненадиме со нешто ново и модерно.

„Од особено значење е тоа што игротеката е сместена во рамките на Комплексот Трговскиот центар „KAM Village“ е една од најголемите инвестиции на македонската компанијата КАМ. Комплексот располага со 12.000 м².“ – изјави Ангелковска.

Во рамките на комплесот Кам Village сместени се трговскиот центар и хотелoт КАМ Village.

Трговскиот дел има над 50 продавници со дизајн на современите европски трговски центри, различна квадратура и дејност, најсовремена шопинг улица и кафе барови.

Хотелот располага со 40 соби и 79 легла, модерно лоби, ресторан, ланч бар, кафе бар, конференциска сала. Модерниот стил на уредување е привлечен како за бизнис гостите така и за фамилијарни посетители. Ресторанот во рамките на хотелот ќе нуди можност за организирање на мини семејни прослави, свадби, родендени, крштевки како и професионални деловни средби и состаноци. Конференциската сала е опремена со професионална опрема и има капацитет сод 60 посетители.

Отварањето на трговскиот комплекс и хотелот е следниот месец.

Комплексот располага со паркинг од затворен тип, вклучен во престојот и достапен 24 часа. Паркингот е достапен и за надворешни клиенти.