Од денес календарски започнува есента

Календарски од денес на северната Земјина полутопка започнува есента. Новото годишно време ќе започне точно во 22 часот и 02 минути. Во исто време за жителите од јужната Земјина полутопка започнува пролетта. Денот ќе трае 12 часа и 14 минути.

За првиот есенски ден метеоролозите најавуваат сончево и посвежо време со умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Во вечерните часови облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 16 до 23 степени.

Есента ќе трае до 21ви декември кога настапува зимата.

WebOhrid