Кражба во џамија во Струга

На 23/24.09.2017 година од 21:00 до 05:00 часот во с.Радолишта-Струга, непознат сторител извршил тешка кражба во џамија „Башкими“, при што одзел 6.000 денари во разни апоени. Сторител насилно го отворил прозорот и влегол внатре, по што од метална каса поставена на ѕидот ги одзел парите и се оддалечил во непознат правец. Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициска станица Струга.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.