Кучињата скитници проблем и пред и по избори

Во пресрет на поставувањето на бината за вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, граѓаните беа сведоци како една мала глутница кучиња безгрижно дивее на Градскиот плоштад.

Без разлика која партија се наоѓа „во позиција“ или опозиција, кучињата скитници останаа голем проблем кој се провлекува години наназад. Можеби е време овој проблем да се вметне во некоја предизборна програма од политичките партии, за негово решавање, пред се за граѓаните, но и за туристите кои го посетуваат Охрид.

WebOhrid

This slideshow requires JavaScript.