Несторовски постигна два голови, а заработи и два жолти картони

Илија Несторовски постигна два голови во победата на Палермо од 2:1 против Про Верчели. Капитенот на Палермо, Несторовски, најпрво го изедначи резултатот на 1:1 во 25 минута, а во 51 минута го постигна вториот гол и го доведе својот тим во предност од 2:1. Покрај двата голови, Несторовски заработи и два жолти картони, од кои првиот во 72 минута, додека пак вториот во 85 минута што значеше и црвен картон и исклучување за нашиот репрезентативец.

По шест одиграни натпревари Несторовски има постигнато 4 голови, а неговиот тим Палермо се наоѓа на третото место од италијанската Серија Б.

WebOhrid

https://youtu.be/bW-lvKk2a2I