Макрадули на Првата конференција од Минамата конвенцијата за жива

Во периодот од 28-ми и 29-ти септември 2017г, заменик министерот за животна средина и просторно планирање,Јани Макрадули учествувше на High-Level тркалезна маса на Првата конференција на членките на Минамата конвенцијата за жива што се одржува во Женева, Швајцарија.

Минамата конвенцијата за жива е глобален документ чија цел е заштита на здравјето на луѓето и животната средина од негативните ефекти предизвикани од присуството на жива како резултат на антропогените емисии на жива и живини соединенија.

Одредбите на Конвенцијата се однесуваат на контролата и управувањето со жива, метал кој наоѓа широка примена во секојдневието на современиот човек, така што очекувано е да се наоѓаат негови емисии и ослободувања во сите медиуми на животната средина. Така, главна цел и делокруг на Конвенцијата е контролата на живата во текот на сите фази од нејзиниот животен циклус, нејзината редукција и елиминација.

Причина повеќе за иницирање на ратификација на Минамата конвенцијата е потребата за активно учество на меѓународните состаноци на ова поле како полноправен член на Конвенцијата.

Со преземањето на активностите за ратификација на Конвенција Република Македонија ќе биде во можност активно да учествува на меѓународните состаноци за жива, како и донесувањето на одлуки поврзани со имплементацијата на истата на глобално ниво.