Заврши седумдесет и петтата седница на Советот на Општина Охрид

Советот на општина Охрид на денешната седница ги прифати годишните извештаи за материјално-финансиското работење за учебната 2016/2017 година и програмите за работа во учебната 2017/2018 година на ОУ „Христо Узунов“, ОУ „Григор Прличев“, ОУ „Св.Климент Охридски“, ОУ „Братство-Единство“, ОУ „Кочо Рацин“, ОУ „Ванчо Николески“, ОУ „Живко Чинго“, ОУ „Св.Наум Охридски“, ОМУ „Методи Патче“, ОСУ „Св.Климент Охридски“, СОСУ „Св.Кирил и Методиј“, ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“, ОУТУ „Ванчо Питошески“, Јавната општинска установа за деца детска градинка „Јасна Ристеска“ и ОЈУ „Кузман Шапкарев“.

Советниците ги прифатија и одлуките за имплементација на проектот „Меѓугранична соработка и интегрирани здравствени и социјални услуги за стари лица и деца и нивна рана превенција“ акроним „крос4ол“, измените и дополнувањата на програмите за одржување на јавнa чистота за 2017 година, измените и дополнувањата на програмата за културни манифестации и творештво за 2017 година, развојната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2017 – 2019 година, измените и дополнувањата на развојната програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2017 – 2019 година, измените и дополнувањата на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2017 – 2019 година, измените и дополнувањата на развојната програма за јавно осветлување 2017 – 2019 година, измените и дополнувањата на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување 2017 – 2019 година, измените и дополнувањата на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2017 – 2019 година, измените и дополнувањата на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2017 година, изменување и дополнување на Буџетот на единицата на локална самоуправа општина Охрид за 2017 година, за начинот на регулирање на паркирањето вон градежна парцела, за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр.2992 КО Охрид 4 и предложената одлука за покривање на долгот на ОУ „Григор Прличев“ кон фирмата „Моби-Петрол“ за набавка на екстра лесно масло за греење.