ВМРО-ДПМНЕ изненадени од јавно искажаните коментари на Константин Георгиевски, носител на советничката листа на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„ВМРО-ДПМНЕ со изнена­деност ја прими инфо­рмацијата за јавно искажаните коментари на Фејсбук профилот во соптвеност на Кон­стантин Георгиевски, носител на советничката листа на СДС, каде што тој не одбира зборови со кои јавно се изразу­ва на највулгарен на­чин.

Дотолку повеќе што граѓаните покрај на медиумите, сами ги чи­таа овие вулгарности на неговиот профил.

Ја повикуваме СДС ја­вно да се огради од неговите испади и да им се извини на гра­ѓаните за ваквите на­јблаго кажано – испади на носителот на нив­ната листа, со кои тој врши досега невид­ено омаловажување на јавно кажаниот збор од политичар, врши недозволива естрадиз­ација на јавноста и целосна девалвација на фунцкијата Советн­ик.

Воедно изразуваме на­деж дека серијалот вакви испади ќе заврши и партијата СДС ќе најде начин да го исконтролира овој очи­гледно неконтролиран процес на сеење вул­гарности од најниско ниво во јавноста.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.