Втора изведба на „Не се клади на Енглези“ во Охрид

Поради големиот интерес за гостувањето на Македонскиот Народен Театар со претставата „Не се клади на Енглези“, од Народен Театар Охрид известуваат дека претставата ќе има и втора изведба истата вечер (6-ти октомври) со почеток од 22:20 часот.

Картите за втората претстава ќе бидат пуштени во продажба во вторник во 10:00 часот. Цената изнесува 200 денари. Билетарницата при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ работи секој ден од 10:00 – 20:00 часот.

„Не се клади на Енглези“ е хит комедија од авторот Владимир Ѓурѓевиќ во која играат актерите Сашко Коцев, Оливер Митковски и Александар Микиќ. Режијата е на Синиша Евтимов.