Кривична пријава за охриѓанец поради тепачка и нанесување повреди

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(26) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда“.

Во тепачка помеѓу пријавениот и М.Д.(30), којашто следела по вербална расправија, од здобиените удари М.Д. се здобил со тешка телесна повреда, и поради сериозноста на повредите е пренесен во болница Св.Еразмо.