Одбележани 1003 години од смртта на Цар Самуил

Денес, со историски час во Самуиловата тврдина се одбележаа 1003 години од смртта на Цар Самуил.

Пред осмооделенците од охридските основни училишта, историскиот час го одржа професорот Никола Цивкоски, а на свеченоста присуствуваа и фолклорните ансамбли од Македонија, Хрватска и Србија, кои учествуваат на фестивалот што се организира под името Цар Самуил.