Смилески: Колкави хонорари има земено Ногачески за проекти и дали воопшто тие проекти се реализирани?

Кандидатот за советник од ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, Јован Смилески денес одржа прес-конференција, на која истакна:

„Очигледен е фактот дека на само четири дена до изборниот молк Ногачески е разобличен од неколку аспекти.
 Прво неговата т.н искреност и транспарентност која мака мачи да ја манифестира се прикажа како минорна со оглед на фактот дека на ниту едно од поставените прашања од наша страна не даде одговор. 
 Но ние ја знаеме ваквата негова страна која веќе сега добро им е позната и на пошироката јавност. За неговата политичка нестабилност и променливост не сакаме ни да коментираме. Народната вика прво согледај во сопствениот двор па после во туѓиот, а токму според тоа се негира и неговото домаќинско работење. 
 Но кога веќе Ногачески спомнува чист образ со неверување се прашуваме дали Ногачески има доживеано амнезија?
 Па затоа го прашуваме јавно колкави хонорари има земено Ногачески за проекти и дали воопшто тие проекти се реализирани? Каде ги потроши 153.750,0 денари префрлени на приватната сметка за фиктивен проект? Ова ли е чистиот образ на Ногачески?, Дали 153.750,0 денари е цената за која Ногачески ја менува политичката определба? Еве му прилика на само неколку денови пред изборите да си обелодени уште една од неговите затскриени дејности од јавноста.
 Но напоменуваме дека се сомневаме дека Ногачески и овој пат ќе даде одговор. Но одговор кон него ќе го дадат жителите на Општина Дебрца на 15 октомври со заокружување на бројот 13 за Игор Трајкоски и советничката листа на ВМРО ДПМНЕ.“– истакна Смилески.