Митрески: Дали Ногачески има било каква дозвола за користење на дел од зградата во училиштето во Мешеишта?


Кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, денес одржаа прес-конференција, на која говореше кандидатот за советник Јованчо Митрески.

„Дојде време кога треба да се прикаже вистинскиот образ на Ногачески. Тој пред јавноста должи одговори на нашите прашања кој ги поставувавме во првата недела од изборната кампања.
 И како што очекувавме од Ногачески никаква трага ни глас во однос на поставените прашања. Но ние ги знаеме одговорите и како што ветивме ќе ги обелодениме сите до еден, ден по ден. Бидејќи јавноста треба да знае за каков човек станува збор.
 На нашите прашања дали Ногачески има било каква дозвола за користење на дел од зградата во училиштето во с.Мешеишта?
 Дали истата просторија е во целост узурпурана?
 Дали во тие простории кои се општински Ногачески држи партиски состаноци?
 Дали има партиски обележја во истата?
 Одговорите се јасни и недвосмислени, Ногачески нема никаква дозвола за користење на самата општинска просторија во која се држат партиски состаноци кои можат да се согледаат и преку фотодокументација на која има партиски обележја.
 Дали ова не го прави Ногачески узурпатор на земјиште и токму тука се поствува прашање што би правел од позиција на градоначалник? Дали знае дека ваквата негова постапка е казнива?
 Дали на Дебрца и е потребен ваков човек за градоначалник?
 Одговорот е јасен дека НЕ, а тоа ќе го потврдат жителите на Oпштина Дебрца во недела со заокружување на број 13 за Игор Трајковски и Советничка листа на ВМРО ДПМНЕ.“- истакна Митрески.