ВМРО-ДПМНЕ: СДС да сноси одговорност, голем дел од учениците сè уште не ги добиле учебниците по сите предмети

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое стои:

„СДС да сноси одговорност, голем дел од учениците во охридските училишта сè уште не ги добиле учебниците по сите предмети.

Почитувани,

СДС го уништува образованието. СДС создава вистински хаос во образовниот процес. Изминаа 40 дена откако започна новата учебна година, а голем дел од учениците во охридските училишта с`е уште не ги добиле учебниците по сите предмети, кои вообичаено во изминатите 8 години, се обезбедуваа бесплатно и доставуваа навремено, пред први септември.

Не престануваат да стигнуваат поплаките. Родителите со право се загрижени. Наставниците, исто така. Тие се во непријатна ситуација затоа што, во следните неколку денови треба да започне проверката на знаењето на учениците, а тие пак, немаат од каде да учат.

Негрижата и неодговорноста за учениците од СДС е јасна. Охриѓани беа грубо излажани и покрај ветувањата дека учебниците целосно ќе бидат набавени и дистрибуирани до 15-ти септември. Штетата е на сметка на учениците и наставниците.

Повеќе од јасно е дека СДС нема капацитет за водење на институциите. Образованието е во тотален хаос. С`е што направи СДС за македонското образование е кратење, стагнирање и блокирање.

Информацијата која денес ја споделивме е само уште една причина и потврда дека СДС ќе биде казнет од охриѓани на локалните избори, по што ќе се отвори и можноста за предвремени парламентарни избори, со цел враќање на државата на вистинскиот пат.“- стои во соопштението.