Мацеска: ВМРО-ДПМНЕ верува во сите и на сите дава еднакви можности

Да се биде носител на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Дебрца е чест и привилегија, но во исто време и голема одговорност. 
Овие епитети не доаѓаат туку така, туку се навистина епитети за кои заслужува Општина Дебрца да се води политичка борба и политичка победа. Ова го истакна носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, Моника Мацеска.

„Сето тоа е последично на огромниот број проекти кои се реализирани, дури ако се направи компарација ќе се согледа дека Дебрца во последниве четири години е една од најуспешните општини со најголем прогрес и развој. Тоа го покажуваат податоците кои се темелат на тоа што и во каква состојба беше Општина Дебрца пред 2013 и каква е денес.
“ – истакна Мацеска.

Таа ги повика жителите на Општина Дебрца, да ги согледаат овие факти и како што кажа да направат разлика.


„Јас како носител на листата за советници заедно со кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ уверуваме дека ќе направиме постојан континуитет во донесувањето на правилни одлуки за развој на Дебрца. Затоа ни се потребни вашите гласови преку кои со освоени повеќе советници нема да постои пречка и политичко блокирање за одлуки кои секогаш како и досега ВМРО-ДПМНЕ во Дебрца ги носеше за жителите на Дебрца.
 Ја имам таа чест и како преставник од понежниот пол, но и претставник од младината да укажам дека ВМРО-ДПМНЕ верува во сите и на сите дава еднакви можности, а ние сме тука таквата доверба да не ја изневериме. Затоа почитувани, На 15 октомври како носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Дебрца заедно со г-дин Игор Трајковски кандидат за градоначалник на Општина Дебрца и Советничкиот тим Ве повикуваме во што помасовен број да излезете на гласање и да го заокружите бројот 13 за докажани и реализирани проекти, за отчетност и транспарентност. За одржување на дадениот збор.
 Бидејќи за Дебрца се работи.“– рече Мацеска.