ВМРО-ДПМНЕ: На политичарите на СДС не им е местото во Охрид

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое се вели:

„На политичарите на СДС не им е местото во Охрид.

Зоран Заев, Јован Стојаноски и Константин Георгиески со кој образ си дозволувате повторно да застанетепред охриѓани и да ја барате нивната поддршка. 

СДС на митингот во Охрид со старо-нова тактика со која очигледно сака да ги убеди охриѓаните со свест и разум дека сите години додека тие биле на власт граѓаните цело време сонувале и:

она што го гледале, не го гледале,
она што го слушале, не го слушале,
кога ги бркале од работа не ги бркале,
кога имаше рестрикција на струја, всушност немаше,
кога немаше леб и млеко-всушност имаше,
кога на пензионерите им земаа 8%, не им земаа,
кога го сменија името и знамето, не го сменија,

сакаат да кажат дека имаше економски раст, а немаше галопирачка инфлација и девалвација на денарот,

дека народот не го нарекуваа грдото лице а бранителите не ги нарекуваа животинско царство,

сакаат да кажат дека сме имале најправедна приватизација, а не мрачна и криминална,

сакаат да ги манипулираат земјоделците дека земале субвенции и дека не биле свесни дека ги земале, дека на учениците и студентите не им ги скратиле бенифициите, дека нема укинувања,блокади и кратења на мерки, тоа е нивното лице кога го потпишаа штетниот договор со Бугарија дека тој е пријателски, дека Охрид нема да постане центар за бегалци со стратегијата за мигранти, а всушност сакаат тоа да биде, дека Охрид нема да биде двојазичен а Законот за јазици го кажува спротивното, дека има живот за Охриѓани, а всушност нудат ужас за охриѓани.

Тоа е измама и знаеме дека е крајно потценувачка за охриѓани. Граѓаните паметат, затоа казнуваат на избори и повторно ќе Ве казнат. Никогаш немојте да го потценувате народот.

Охрид е градот кој најмногу пропати од Вашите политики кои значеа затворање на фабрики, технолошки вишоци и бркање луѓе на улица без работа.

СДС во Охрид е синоним на поимите транзиција, криминална приватизација и иселување на младите. СДС во Охрид е синоним за криминал и грабеж, недомаќинско работење, пустош на економијата и уништување на цели семејства.

Со кој образ глумите грижа за социјалците во Охрид кога токму Вие ги доведовте луѓето до тој статус? Со кој образ велите дека ќе се борите против сиромаштијата, кога сиромаштијата на Охрид е последица токму на вашата алчност?

Почитувани,

Има голема разлика помеѓу политиките кои ги води ВМРО-ДПМНЕ и политиките на СДС. Тоа охриѓани најдобро го знааат.

Додека во време на СДС фабриките се затвараа, во време на ВМРО-ДПМНЕ се отвораат нови фабрики, а некогаш затворените погони повторно се рестартираат. Додека во време на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид се инвестира и гради, во времето на СДС се беше зачмаено и градот назадуваше.

Зарем мислите дека Охриѓани ќе заборават и ќе Ви простат што на нивната мака, на криминален начин го создадовте вашето богатство? Никогаш! Затоа, господа од СДС – заобиколете го Охрид, одминете го Охрид – тука веќе не остана ништо за раскрчмување и продавање! Вашиот крајот е блиску. Падот на СДС ќе биде силен. Народот ќе Ве тресне од земја.

Не го потсетувајте овој народ на маката која му ја нанесовте! Охрид Ве казнува за неправдата кој му ја наметнавте, и бидете сигурни дека ќе Ве казни повторно на 15 октовмри заокружувајќи го бројот 13 со поддршка за Д-р Митко Тилевски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.“- стои во соопштението.