ВМРО-ДПМНЕ: СДС одговорете веќе еднаш пред охриѓани колку штета направивте!?

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати контра-реакција на реакцијата од СДС поврзана со прес-конференцијата на директорот на ЈП „Градски гробишта“, Зоран Симоновски.

„СДС повторно демонстрира селективна меморија потценувајќи ги граѓаните на Охрид, сакајќи да ги затскрие злоделата од минатото. За нив успешно менаџирање значи како да ги задолжиш и блокираш и заглавиш Јавните Претпријатија.

Одговорете веќе еднаш пред охриѓани колку штета направивте!?

Можете колку сакате да молчите а во спротивно да кажувате неболузи поради стравот од пораз, но, граѓаните ја знаат вистината а еве тука со извинување на малку подолго реферирање ќе ви ја кажеме вистината па ако имате малку разум ќе разберете:

Кредитното задолжение на ЈП „Охридски Комуналец“ заклучно со 30.3.2004 беше затворено со продажба на сопствен имот на ЈП Охридски Комуналец (најатркативните продавници во градскиот пазар). Сегашниот долг датира од 8.4.2004 година кога во ЈП раководно лице беше кадар на СДС, односно поранешниот градоначалник Петрески. Оттогаш кредитното задолжение само се зголемува при што целиот период раководеше кадар на СДС с`е до 2012 кога и покрај репрограмирањето што го направија не го вратија и кулминмираше со можност за активирање на хипотеката и таквата опасност постоеше до 2014, кога градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Никола Бакрачески односно Општина Охрид под негово ракоцодење даде гаранција дека кредитот ќе се враќа, така што се отсрани опасноста за губење на нови деловни простории сопственост на Претпријатието. Исто така да Ве потсетиме дека во ваше време никогаш не се набави нов возен парк иако како што спомнавме погоре се ставаа под хипотека атрактивни деловни простории, односно во период кога со Општината и ЈП Охридско Комуналец раководеше кадар на ВМРО-ДПМНЕ, после долги години се набавија 5 нови специјачлизирани возила за подигнување на отпад.

По преземањето на ЈП „Градски гробишта“ затекнавме 10 милиони денари долг којшто целосно го исплативме. Наместо долгови сега има побарувања. Најважно е што редовно се примаат плати и се подмируваат трошоците. Само може да сонувате за вакков менаџерски тим а не да испраќате лажни вести за личниот и приватниот живот на вистинските менацери сакајќи да им го нарушите угледот за што кривично ќе одговарате.

Во ЈП „Водовод“ до 2005 редовно се сервисираат долговите према добавувачи и ЕБРД кредит-претпријатието е профитабилно. Со Анекси и заклучоци на Управен одбор 2007 обезглавено е раководењето на фирмата. Штетни договори за Јавно приватно партнерство и обид фирмата да се продаде под концесија.

Незаконско работење и пресметка на даноци што резултира со блокада од УЈП за 10 милиони денари. Блокирана жиро-сметка со над 100 000 000 ден со судско извршни дела заради непочитување на судски одлуки, за обврски према добавувачи, обврски према вработени за технолошки вишок или обврски за пензионирање, обврски за надоместоци према вработени.

Безидејно менаџирање и партиски вработувања од 180 на 280 вработени во 1.2013 и 35 договорни вработени со зголемување на платниот фонд за 30 000 000 денари.

Менаџерскиот тим од редовите на ВМРО-ДПМНЕ постигна консолидација на претпријатието преку правилници за работа: Правилник за процедура за работа, Правилник за ред и дисциплина, Правилник за организација на работа и систематизација на работните места со соодветна реорганизација на работните места и организационите единици, Упатства за работење на секторите.

Откупени се целосно возилата (10 возила) кои беа набавени со лизинг или одземени ради не плаќање, набавени нови средства за работа ровокопач, машина зе лепење цевки, секач на асфалт и др. Исплатена обврска према УЈП од минати години околу 9 000 000 денари.

Аналогно на ова етапно намалување на Загубата во работењето на РЕ Охрид од годишно ниво за 30 000 000 ден, и најважното платата се исплаќа цела.

Финансиската состојба во ЈП „Градски Пазар“ во периодот на преземањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ, по основ на обврски должеше 1.107.885,00 денари. Како квалитетен менаџерски тим, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ максимално се грижат за намалување на расходите во Претпријатието, со домаќинско работење и штедење, расходите ги намаливме за околу 400.000 денари. Нашата обврска е работа. Затоа градиме нов затворен современ зелен пазар, обезбедивме бесплатен паркинг на булевар „Туристичка“ пред самиот пазар, типизирани тезги за продажба, оргнирање на велигденски Саем, хуманитарниот апект на динирање социјални пакети и ред други проекти за кои вие може да сонувате. Сите години од 2013 до 2017 работиме со добивка за разлика од Вас.

Во однос на менаџирањето со ЈП „Нискоградба“ господа од СДС имате одлично искуство од правење милионски фактури за репрезентација, и оштетени доверители со неплатени побарувања. Менаџерскиот тим од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со нивното чесно и домаќинско работење го врати на вистинскиот пат ова Претпријатие.

На јавните претпријатија им следи просперитетна иднина со зголемување на платите на вработените и отворање на нови работни места. ЈП одат напред, Охрид оди напред, а напред не се оди со расипничко работење, напред се оди со посветеност, скромност и работа.

Сега ќе замолчете како што замолчевте и за ЈП „Билјанини Извори“.

Одговорете за мигрантите за доселување во Охрид, двојазичноста во Охрид, стопираниот автопат кон Кичево, учебниците во образование… и сите досега неодговорени прашања.

Затоа што не ги одговарате прашањата охриѓани ќе самите заокружувајчи го бројот 13 ќе ве казнат и Вие ќе останете да живеете во вашиот сон за расипничко владеење со Јавните Претпријатија и уништување на Охрид.“ – стои во контра-реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.