Јаховиќ со нови два голови

Довчерашниот македонски репрезентативец Адис Јаховиќ повторно беше стрелец за Гозтепе. Овој пат, тој постигна два голови за Гозтепе на гостувањето против Анталијаспор.

Најпрво, Јаховиќ го отвори резултатот откако на противничката одбрана и украде една топка во 8 минута. Вториот гол го постигна во 19 минута по слободен удар, при што топката зафати противнички играч во живиот ѕид, го промени правецот на движење и заврши во мрежата на домашните.

Со овие два голови, Јаховиќ е најдобар стрелец во Турската Супер лига со постигнати 9 голови на 8 натпревари.

Но, за жал, Адис Јаховиќ нема повеќе да игра за македонската репрезентација. Тој беше незадоволен бидејќи беше повикан од селекторот Ангеловски, но не одигра ниту минута за Македонија на претходните два квалификациони натпревари, против Италија и против Лихтенштајн. Па, според тоа донесе одлука да се повлече од македонската репрезентација.

Како што веќе пишувавме, Адис Јаховиќ постојано е во голгетерска форма, а тоа го докажува неговото минато искуство во повеќе разни лиги и клубови каде секогаш беше на врвот од листите на стрелците. (22/04/2017)

Исто така, головите на Јаховиќ беа клучни на многу натпревари. (21/11/2015)

Васко Б. / WebOhrid

https://youtu.be/pLXvY5Nt15g