Победи на Металург и Вардар на европска сцена

Тимовите на Металург и Вардар успеаа да забележат победи во рамки од петтото коло од Лигата на шампиони.

Металург му гостуваше на тимот на Чеховски Медведи. По изедначеното прво полувреме со резултат 15-15, Металург успеа во второто полувреме да направи разлика, да се одвои и да забележи победа со резултат 26-32.

Вардар на домашен терен играше против Барселона. Убедливата игра резултираше со предност на полувреме од 16-12 за Вардар. Добрата игра на Вардар продолжи и во второто полувреме. На крајот Вардар го доби овој натпревар со 27-24.

По 5 одиграни натпревари, Вардар е на првото место во Групата А, додека пак Металург е на 4 место во Групата Д.

WebOhrid