Претседателот Иванов гласаше на првиот круг на локалните избори

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов на првиот круг на локалните избори во Република Македонија 2017 година гласаше во изборното место 2859 во Скопје, во средното училиште „Јосип Броз Тито”.

„Очекувам овој ден да помине во најдобар ред.Овие локални избори да поминат во мирна, фер и демократска атмосфера. Денеска кога се избира локалната власт, граѓаните можат да ги изберат оние кои за време на изборните кампањи понудиле дека ќе им го подобрат нивниот живот и условите за живот, бидејќи реалниот живот секојпат е на локално ниво и граѓаните очекуваат тие што ќе ги изберат да им го подобрат квалитетот на животот”, изјави претседателот Иванов.

По завршување на гласањето, македонскиот претседател изјави дека очекува овие локални избори да ја покажат зрелоста кај граѓаните и да претставуваат унапредување на демократијата во земјата.