Концерт на Данила Јефремов и Иван Калатај во Охрид

Утре со почеток во 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе се одржи концерт на руските уметници – лауреатите Данила Јефремов (кларинет) и Иван Калатај (фортепиано).

Концертот е во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Санкт-Петербуршкиот Дом на музиката и Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со поддршка на Министерството за култура на Руската Федерација и Россотрудничество.

„Амбасада на мајсторството“ е исклучителен проект на Санкт-Петербуршкиот Дом на музиката и руската државна агенција Россотрудничество, кој е започнат во 2012 година и се реализира преку одржување концерти на младите солисти од Рускиот центар за наука и култура, во странски држави. До сега се одржани 60 концерти во 25 земји во светот.

Руските уметници пред охридската публика ќе се претстават со делата на Стравински, Танеев, Гречанинов, Розенблат, Рахманинов, Сабитов и Шопен.

Влезот е слободен.