Македонија се искачи на 85 место на ФИФА рејтинг листата

Македонската репрезентација забележа нов скок на ФИФА рејтинг листата. Според најновата листа, Македонија се наоѓа на 85 место, благодарение на нерешениот исход 1:1 против Италија во гости, како и победата од 4:0 против Лихтенштајн на домашен терен.

Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде останува водечката тројка Германија, Бразил и Португалија.

Најголем скок од +22 места изминатиот месец забележа репрезентацијата на Туркменистан која се искачи на 114 место. Најголем пад од -25 места забележа репрезентацијата на Еквадор која се најде на 60 место.

WebOhrid