Нови цени на нафтените деривати

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, од вечерва по полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,42%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 02.10.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 51,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со Одлуката од 02.10.2017 година и со тоа малопродажната цена на бензнот ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,421 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 02.10.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 26,287 ден/кг.