Македонија ќе игра пријателски натпревар со Норвешка на 11 ноември во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија на 11 ноември ќе игра пријателски натпревар против селекцијата на Норвешка на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Досега, против репрезентацијата на Норвешка имаме одиграно три меѓусебни дуели. Во квалификациите за СП 2010 година одигравме натпревар без голови во Скопје, додека на гостувањето во Осло загубивме со 2:1. Во 2013 година на пријателски натпревар во Осло бевме поразени со 2:0.

Моментално Норвешка е рангирана на 58 место на ФИФА рејтинг листата, додека пак Македонија е на 85 место.

WebOhrid