Министерот Спасовски на средба со претставници на Здружението на пензионирани работници

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со претставници на Здружението на пензионирани работници од органите за внатрешни работи на Република Македонија-Скопје.

Министерот Спасовски и претставниците на Здружението на средбата разговараа за поднесената иницијатива од страна на Здружението за дополнување на законот за внатрешни работи. Се разменија идеи и размислувања за остварувања на правата од работните односи на членовите на здружението.