Расчистен настанот пред штабот на „ГРОМ“, доказниот материјал предаден во Обвинителството

Во врска со настанот што се случи во неделата (15.10.) на ул.“Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, пред штабот на политичката партија “ГРОМ“ каде имаше пријава за нарушен јавен ред и мир, како што МВР претходно ја информираше јавноста, во Полициската станица Карпош беа повикани лицата С.Р (51) и Е.Ш (36) од Скопје, со кои што беше извршен разговор. По ова, настанот беше целосно расчистен и документиран и севкупниот доказен материјал со писмено известување е испратен до Основното јавно обвинителство Скопје, кое што согласно ЗКП треба да даде насоки за натамошно постапување.