Осветување на црквата Лазарево Воскресение градски гробишта – Охрид

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 21. октомври 2017 година (сабота), ќе се осветува црквата „Воскресение Лазарево“ на градски гробишта – Охрид, со почеток во 08:30 часот.

По осветувањето ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги поканува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овој свет чин.