Јаховиќ со два нови голови

Јаховиќ повторно стрелец на два голови. Денес, во рамките од турската Супер лига, Гозтепе на домашен терен играше против Аланијаспор. Јаховиќ го отвори резултатот во 41 минута, со што Гозтепе водеше на полувреме со 1:0.

Во второто полувреме гостите изедначија на 1:1 во 66 минута. Гозтепе повторно дојде во водство во 72 минута, а Јаховиќ зголеми и на 3:1 во 74 минута. Кога се чинеше дека се е решено, домашните некако се опуштија особено во одбраната и примија два голови во 87 и во 90+2 со што натпреварот заврши без победник 3:3.

Адис Јаховиќ останува на врвот на листата на стрелци во турската Супер лига со 11 постигнати голови на 9 натпревари, додека пак неговиот тим е на второто место со 17 бодови, 5 зад водечкиот Галатасарај.

WebOhrid